15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија го отвора пазарот на труд за земјите од западен Балкан

Германија го отвора пазарот на труд за земјите од западен Балкан

jobs

Германската владејачка коалиција го прифати предлогот на членот на Бундестагот, Јосип Јуратовиќ од Социјалдемократската партија (СПД) да се отвори пазарот на труд во Германија за државите од западен Балкан.

Владејачката коалиција прифати секој странец кој има договор, врз основа на тарифниот договор со работодавачот од Германија, да може да добие работна дозвола и престој на неограничено време.

Владејачката коалиција предложи ограничен контигент од 20 илјади работни дозволи годишно.

Јуратовиќ, кој е комесар за интеграции на фракцијата на СПД во Бундестагот, се залага за легално остварување на правото на престој во Германија за работници од западниот Балкан, со што би се избегнала опасноста од искористување или од протерување.

Се наведува дека од почетокот на годината вкупно 77 илјади лица од западен Балкан побарале политички азил во Германија, претежно од економски причини, а бидејќи овиде причини не се доволни за политички азил, Германија ваквите азиланти во 99 отсто од случаите ги одбива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП