24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија упорно го намалува јавниот долг

Шпанија упорно го намалува јавниот долг

evri

Јавниот долг на Шпанија благо е намален во вториот квартал од оваа година на 97,7 проценти од бруто домашниот производ (БДП) од 98 проценти во претходниот квартал, соопшти денес Централната банка од Мадрид.

Номиналната вредност на долгот е зголемена на 1.053 милијарди евра.

Конзервативната влада на власт во август го намали предвидувањето за висината на долгот за 2015 од 100,3 на 98,7 проценти.

Министерството за економија оцени дека таа цел ќе биде достигната и дека намалувањето на долгот ќе продолжи и во наредните години, благодарение на намалувањето на буџетскиот дефицит и подобрувањето на економската ситуација, пренесува АФП.

Ваквите оптимистички предвидувања се последица од економското закрепнување на Шпанија кое се случи во 2014 година, по пет години сериозна криза поради експлозијата на пазарот за недвижнини.

Економијата на Шпанија минатата година порасна за 1,4 проценти, а Мадрид за 2015 година предвиде раст од 3,3 проценти, што од таа земја ќе направи една од најдинамичните економии во еврозоната.

Покрај намалувањето на јавниот долг, кој екплодираше во текот на економската криза во 2008 година како последица од спасувањето на банките, Шпанија се бори и со високата стапка на невработеност, бидејќи секој четврти работоспособен човек во оваа зема нема работа.

Пред кризата во 2007 година јавниот долг на Шпанија изнесуваше само 36,3 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП