13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорошенко: Очекуваме раст на БДП во 2016

Порошенко: Очекуваме раст на БДП во 2016

ukraina11111111

Претседателот на Украина Петро Порошенко изрази очекување дека во 2016 година ќе дојде до раст на економијата.

„Се надевам дека во 2016 година ние ќе направиме се што е до нас да оствариме раст на бруто домашниот производ (БДП). Ние ја намалуваме стапката на инфлација, го стабилизираме банкарскиот систем, го стабилизираме курсот“ изјави Порошенко во Киев.

Според податоците на Министерството за економски развој на Украина, претставени на средината на август, БДП во првата половина од 2015 година падна за 16,3 проценти.

Вадата во Киев на почетокот на август утврди две можни сценарија на економската динамика во 2016 година. Според едното е прогнозиран раст на БДП од 2,0 проценти, а според другото пад од 0,3 проценти.

Народната банка на Украина претходно соопшти дека предвидува забавување на инфлацијата во 2016 година, на 12 проценти, во 2017 година на 8,0 проценти, а во 2019 на 5,0 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП