6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУС Опен: Финале, Федерер-Ѓоковиќ

УС Опен: Финале, Федерер-Ѓоковиќ

fedi 33

Роџер Федерер ќе игра против Новаќ Ѓоковиќ во финалето на УС Опен. Федерер во швајцарското финале со брилијантна игра го совлада Стен Вавринка со 6:4, 6:3, 6:1.

Федерер в недела ќе го игра своето 27-мо грен слем финале каде ќе се обиде да ја освои 18-та титула.

Клучниот момент на мечот се случи во вториот гем од првиот сет кога Вавринка не искористи три врзани брејк топки, бидејќи веќе во наредниот гем го загуби својот сервис.

Федерер и Ѓоковиќ во Њујорк ќе го одиграат својот 42-ри меѓусебен дуел, Швајцарецот има една победа повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП