27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗајакнете го имунитетот: Топ 3 зачини кои ќе ви помогнат во тоа

Зајакнете го имунитетот: Топ 3 зачини кои ќе ви помогнат во тоа

57286051555f016bd64cc5975696299_w640

Во организмот не треба да внесувате премногу чај или овошје, а особено не премногу апчиња.

Во деновите кога настинките се една од главните грижи треба да мислите за начините како секојдневната храна да ја направите сојузник во борбата против сите вируси кои се подготвени да го нападнат вашето тело.

Ѓумбир

Освен специфичниот мирис со кој ја оплеменува храната, ѓумбирот исто така е лек за проблеми со варењето, мачнини и помага при лекувањето на симптомите на настинка и грип. Свеж се користи за подготовка на чај, а во прав можете да го посипете преку омилената храна.

Цимет

Овој зачин има долга историја во лекувањето на одредени болести. Можете да го додадете во колачи, врз свежо овошје, во житарките, медот, кафето или чајот.

Ѕвездест анасон

Освен што изгледа интересно и атрактивно, има и посебен вкус и извонредни антивирусни својства. Анасонот додадете го во чаевите и јадењата од ориз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП