6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочнува Акустик Сквер Фестивал 2015

Почнува Акустик Сквер Фестивал 2015

ацустик

Четвртото издание на манифестацијата Акустик Сквер Фестивал 2015 започнува денес вечер на летната сцена на платото пред конгресниот центар Александар Македонски.

Во рамките на четвртото издание на манифестацијата Акустик Сквер Фестивал, организаторот ЈУ Конгресен Центар Александар Македонски ја продолжува поддршка на младите македонски музичари давајќи им можност не само да го покажат својот талент туку и да настапат на професионална сцена, како и своите авторски песни да ги добијат снимени на носач на звук.

Оваа година, благодарение на соработката со две одлични музички школи, Енсо Школо за гитара и Credo Music, како и младиот рок бенд “Kolt”, ќе имаме извонредна програма на фестивалот.

Годинава на Акустик Сквер Фестивалот ќе настапат следниве изведувачи, Оливер Јаниќиевиќ – гитара, Трајче Димов – класична гитара, Nervol – две гитари и кахон, Оливер Јаниќијевиќ и Кристијан Христов – две гитари, Rock Band “Kolt” и Credo Band.

Организаторите на фестивалот како изненадување за публиката предвидуваат и настапи на специјални гости.

Настапите на фестивалот ќе биде професионално снимени на носач на звук со што ќе се документира авторскиот музички потенцијал на младите учесници, што всушност е и една од целите на Акустик Сквер Фестивал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП