5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпетрол АД: Најголемиот број акционери се задоволни од работењето на компанијата

Макпетрол АД: Најголемиот број акционери се задоволни од работењето на компанијата

макпетрол6565

Најголемиот број акционери се задоволни од работењето на компанијата и сметаат дека со нивните акции соодветно се управува, посочуваат од Макпетрол АД, откако во петок група акционери на Макпетрол АД се вклучи во кривичната пријава против раководството на оваа компанија.

„ Лицата кои се појавија на денешната прес конференција претставуваат незначителен дел од акционерската структура на Макпетрол АД. Нивните тврдења претставуваат паушални и неточни обвинувања кои со ништо не се аргументирани“, се вели во соопштението од Макпетрол АД.

Од таму додаваат дека компанијата во текот на целокупното свое работење ги почитува највисоките законски и етички стандарди, како во делот на корпоративното управување, така и во односите со своите акционери.

„Сите акционери редовно и транспарентно се информирани за деловните резултати на Компанијата, финансиските и други показатели, и имаат увид во сите соодветни внатрешни ревизии, надворешни контроли и ревизорски извештаи“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП