18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжуваат силните осцилации на цената на нафтата, барелот под 48 долари

Продолжуваат силните осцилации на цената на нафтата, барелот под 48 долари

nafta 300

Силните осцилации на цената на нафтените пазари продолжија и денеска, со спуштање на цената на барелот под 48 долари откако банките ги снижија прогнозите за цените на нафтата, поради прекумерното снабдување.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна 1,10 долари и изнесува 47,79 долари, додека вчера тргувањето го заврши во плус 2,8 отсто. На американскиот пазар со барелот се тргува по 1,25 долари пониска цена, од 44,67 долар. Вчера на затворањето беше во плус четири отсто.

Вчера цената на нафтата скокна во базичните сигнали за посилна побарувачка за бензин во САД во изминатите четири недели и оптимистичкото расположение на американските берзи на акции.

Денеска скокот е избришан и цените повторно паднаа под 48 долари откако Goldman Sachs ја снижи прогнозата на просечната цена на нафта на американската берза за следната година од 57 на 45 долари. Снижена е и прогнозата на цената на лондонската берза за 2016 година од 62 на 49,50 долари за барел. Со тоа американската банка се придружи на низата инвестициски банки кои веќе ги скратија своите прогнозите за цените на нафтата.

„Прекумерното снабдување на пазарот е уште поголемо од тоа што го очекувавме и прогнозираме дека вишокот ќе продолжи и во 2016 година“, заклучија од Goldman Sachs.

Инвеститорите денеска воглавно ја игнорираа оценката на Меѓународната агенција за енергија (IEA) дека одлуката на водечките производители во рамки на OPEC на чело со

Саудиска Арабија ќе го бранат пазарниот удел со одржување на производството на постоечко ниво и покрај падот на цените можеби носени посакувани резултати и ги истиснува производителите кои имаат поголеми трошоци.

„Уривањето на цената на нафтата го затвора скапото производство на потегот од полето Игл Форд во Тексас па сѐ до Русија и Северното море“, смета IEA.

Аналитичарите сметаат дека рамнотежата на пазарот полека се воспоставува и напоменуваат дека сепак високите залихи ќе ги притиснат цените се до наредната година.

„Ќе треба време да се реши прекумерното снабдување“, вели аналитичарот на франкфуртски  Commerzbank, Карстен Фрич.

И оваа банка во петокот ги снижи прогнозите за цената на нафтата, на 55 долари на крајот на оваа година, односно на 65 долари на крајот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП