15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија: Компанија бара еротски масер, платата 700 евра, сé е законски

Словенија: Компанија бара еротски масер, платата 700 евра, сé е законски

masaza 333

Словенечка компанија од Марибор огласи слободно работно место за вработен/а за работи од еротската масажа, и тоа преку заводот за вработување, од каде на сомневањата дека можеби станува збор за нелегална активност одговараат негативно, што го поткрепуваат со тврдењето дека тоа занимање го одобрил пазарниот инспекторат, пишуваат медиумите.

„Во согласност со мислењето на пазарниот инспекторат и министерството за економија, еротската масажа е класифицирана како стандардна професија, односно како телесна нега“, истакнуваат од мариборската берза на трудот.

Појаснуваат дека огласот не можеле да го одбијат, бидејќи е пријавен според прописите и во согласност со законот за еднаквоста на половите, па на него може да се пријават и машки и женски кандидати.

„Агенцијата за организирање танчарски и артистички настапи“, којашто го дала огласот, бара масер или масерка за изведување „еротични тантра масажи“, при што кандидатот или кандидатката треба да испратат животопис со основни податоци и со можност работодавачот подоцна да изврши разговор.

Платата, за словенечки прилики не е голема, бруто 1.000 евра бруто, односно околу 700 евра нето, но се нуди работа на недоредено време, што во денешно време во Словенија го нудат ретки работодавачи. Се предвидува едномесечен пробен период, со напомена дека заинтересираните треба да бидат подвижни и да сметаат со флексибилно работно време.

Стандардното образование за професијата еротски масер/масерка во Словенија сé уште не постои, но врз основа на мислењето на инспекторатот, овој профил занимање влегол во квалификацијата на државниот статистички завод, кој, меѓу другото, ги следи податоците за вработеноста на работно активното население.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП