4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПуштено во употреба ново училиште во Синичане

Пуштено во употреба ново училиште во Синичане

ucilnica 39393

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денеска го пушти во употреба општинското основно училиште „Сабедин Бајрами“,  во село Синичане, во општина Боговиње.

Адеми рече дека 167-те ученици од Синичане, заслужуваат, како и сите други ученици, да имаат современи услови за следење на настава, односно нова училишна зграда, опремени училници, нагледни средства.

„Патувањето до централното училиште до соседното село Камењане, по дожд, снег, по многу топло време е веќе минато. Нема веќе будење пред зори за да не задоцните на првиот час. Вашето училиште сега е во вашето село, до вашите куќи и дворови“, рече Адеми.

Новата училишна зграда чини 20.180.583 денари, средства издвоени од буџетот на  Министерството за образование и наука.

„За изградбата на училиштето „Сабедин Бајрами“, кое се протега на површина од 1050 m2, Министерството за образование и наука инвестираше 20.180.583 денари. Покрај десетте училници и двата кабинети, во училиштето има и библиотека, за која сакам да кажам дека има големо значење за учениците, бидејќи со секоја прочитана книга, се збогатува речникот и се стекнуваат нови знаења“, рече Адеми.

Честитајќи го свеченото пуштање во употреба на новото училиште, Адеми рече дека обврска на МОН е да создаде современа образовна инфраструктура, а задача на учениците е да го искористат максимумот од неа и да постигнуваат најдобри резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП