28 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвошје за убав тен

Овошје за убав тен

fruit-mask

Дека овошјето е здраво, корисно за нашиот имунолошки систем, знаеме одамна. Проверете кое овошје треба да го консумирате за кожата да ви биде убава и блескава.

Банана

Бананата е исклучително хранлива за кожата бидејќи содржи витамини Б и Ц. Таа е богат извор на калиум, кој ја омекнува, затегнува и ја тонира кожата. Направете пире од банана, па нанесете го на лицето како маска.

Јаболко

Јаболкото затегнува, ја тонира кожата и ја поттикнува циркулацијата на нејзината површина. Јаболкото е моќен антиоксидант. Пирето или сокот од јабоко можете да го нанесувате на лицето секојдневно. Јаболковиот оцет е корисен за косата и спречува појава на првут.

Портокали

Портокалите, како и лимонот, се богати со витамин Ц. Се употребуваат во овошните маски. Кората од портокал може да ја собирате и сушите на сонце, а потоа да ја мелете и претварате во прав кој ќе го додавате на маските за лице. Ја чисти и освежува кожата, а сокот од портокал може да се додаде во маските за лице и раце.

8-Most-Popular-Homemade-Fruit-Face-Packs-For-Glowing-Skin

Јагоди

Јагодите се моќен антиоксидант и спречуваат појава на знаците на стареење како линии, брчки и опуштање на кожата. Направете маска така што ќе ги згмечите, а потоа нанесете ги на лицето. По 20 минути лицето само измијте го со вода.

Цреши

Црешите содржат минерали и витамини кои ја хранат кожата. Имаат антивоспалителен ефект и помагаат во лекувањето на кожата и ја намалуваат иритацијата. Помагаат во случаите со оштетена кожа од претерано сончање.

Шипка

Шипките се одлични за хидратација на кожата и делуваат како силен антиоксидант. Освен тоа и помагаат на кожата да ја задржи влагата и поттикнуваат процес на обновување на клетките, па така се забавува појавата на знаци на стареење. Може често да се нанесува на кожата на лицето.

strawberries-face-pack

Лубеница

Лубеницата е корисна за сувата кожа. Помага во задржувањето на влагата и ја одржува кожата хидратантна и мека.

Папаја

Папајата содржи ензим папин и е корисна за отстранување на мртвите клетки од кожата. Може да се нанесува на лицето и телото. Со додаток на мед е одлична маска за лице.

Манго

Мангото е богато со витмините А и Ц кои ја тонираат и подмладуваат кожата. Го забавува процесот на појава на знаци на стареење на кожата и ја омекнува. Пирето од манго се нанесува за лицето да остане меко и сјајно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП