14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на превезени патници на двата аеродроми зголемен за 18,3 отсто

Бројот на превезени патници на двата аеродроми зголемен за 18,3 отсто

aerodromi

Зголемување на бројот на превезени патници за 18,3 отсто на двата македонски аеродроми забележано е за периодот јануари-август споредено со истиот период минатата година.

Во наведениот период од двата аеродроми биле превезени вкупно 1 021 713 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 863 716, објави во петокот Министерството за транспорт и врски.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари до август 2015 година регистрирани се вкупно 948 998 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 812 426 патници се забележува зголемување од 16, 8 отсто.

На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид исто така се забележува зголемување на бројот на патници за периодот јануари-август 2015 година. Имено оваа година превезени се 72 715 патници, додека во истиот период 2014 година биле превезени 51 290 патници.

Врз основа на реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари-август оваа година се: Истанбул 14.5 %, Цирих 9,1 %, Виена 7.1 %, Малме 5, 9 %, Базел 5.4 % и Лондон со 5.2 %.

Од оваа година се воведоа директни линии за пет нови дестинации до европските градови и тоа: Oд аеродромот Александар Велики во Скопје до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно.

Од аеродромот Св. Апостол Павле од Охрид се воведе директен лет до Базел исто така два пати неделно.

Континуираниот раст на бројот на превезени патници како и бројот на компании кои оперираат на двата аеродроми е директен резултат од Проектот за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушен, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП