5 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа одлуката за купување и натаму најмногу влијаат пријателите и семејството

На одлуката за купување и натаму најмногу влијаат пријателите и семејството

sales-marketing

Многу компании вложуваат големи пари за огласување на своите производи на социјалните мрежи, меѓутоа едно ново истражување покажува дека на одлуката за купување и натаму најмногу влијаат препораките од пријателите и семејството.

„Директните усни препораки од пријателите и семејството се далеку најважниот извор на информации за клиентите коишто размислуваат за купување на одреден производ или услуга“, се заклучува во истражувањето спроведено од „Boston Consulting Group“.

Таквите препораки за брендовите за оние кои се подготвуваат за купување, дури четири или пет пати се повлијателни од оние во традиционалните медиуми и на социјалните мрежи, утврдиле аналитичарите од споменатата советодавна компанија во низа области, вклучително и маркетингот и продажбата.

Истражувањето се заснова на анкетата во којашто учествувале 227.000 потрошувачи од целиот свет, вклучително и САД, Франција, Германија и Јапонија.

Половина од испитаниците кажале дека пред купување најчесто се советуваат со пријателите и семејството. На второто место, со 39 отсто, се интернет страниците на самите компании, а на трето, со 35 отсто се блоговите. Телевизијата ја дели позицијата со весниците и магазините, со удел од 13 отсто, додека социјалните мрежи се истакнат како извор на информирање за 10 отсто од испитаниците.

Препораките добиени од семејството и од пријателите воедно се и значителен придвижувач на растот на продажбата, како и програмите со кои компаниите ја наградуваат верноста на потрошувачите и искуството на купувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП