
Европската централна банка (ЕЦБ) планира бројот на службеници да го зголеми за повеќе од една петтина, поради најавеното заострување на контролата над банкарскиот сектор во еврозоната.


Европската централна банка (ЕЦБ) планира бројот на службеници да го зголеми за повеќе од една петтина, поради најавеното заострување на контролата над банкарскиот сектор во еврозоната.
„Планот е да се вработат уште 230 службеници“, изјави еден од неименуваните извори запознаен со ситуацијата“, пренесува Ротерс.
Вработувањето на дополнителни службеници, од кои две третини ќе бидат ангажирани наредната година, а остатокот во 2017 година, настапува во момент кога под надзор на ЕЦБ доаѓаат уште некои банки.
Планот за вработување е доказ за настојувањето на ЕЦБ да го стави под контрола банкарскиот сектор на еврозоната, кој предизвика финансиска криза загрозувајќи ги националните финансии и заканувајќи и се дури и на единствената европска валута, еврото, наведува Ројтерс.
ЕЦБ веќе потроши 300 милиони евра за формирање на еден елитен тим службеници кој ќе биде задолжен за надзор на водечките банки во еврозоната, а најголем дел од тие средства се потрошени на плати за околу 1.000 вработени.