
„Business Insider“ направи листа на 18 најбедни земји во светот, на која дури четири се од Балканскиот полуостров.


„Business Insider“ направи листа на 18 најбедни земји во светот, на која дури четири се од Балканскиот полуостров.
На оваа листа Македонија е „најдобро“ рангирана и се наоѓа на осмото место, веднаш зад неа е Србија (девета). Потоа следат Грција која е 11-та според ова рангирање, а Хрватска се наоѓа на 16-тото место.
„Business Insider“ ја направи оваа листа според податоците на „CIA World Factbook“ од 2014-та година, раководејќи по „Misery“ индексот на економистот Артур Окун, кој ги „состави“ податоците од невработеноста и инфлацијата во една земја (што поголем број, токлу победна земја).
„Misery“ идексот во Македонија изнесува 27.9 проценти, невработеноста 28 посто, а пак инфлацијата -0.1%. Според „Business Insider“, Македонија направила големи чекори напред откако е независна, но не успева да привлече странски инвеститори како своите балкански соседи. Освен тоа, корупцијата и невладеењето на правото се долгорочни проблеми кои ја гушат економијата.
Според оваа листа на „Business Insider“, најбедната земја на светот е Венецуела.
Погледнете кои земји се на листата според „Misery“ идексот:
















