6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина и Словачка ќе загубат милијарди долари поради Северен ток 2

Украина и Словачка ќе загубат милијарди долари поради Северен ток 2

severen tok 3300

Планираната изградба на гасоводот „Северен ток 2“ од Русија кон западна Европа и чекорите кои во таа насока се преземени во последно време, ги загрижуваат државите кои со изградба на овој гасовод ќе останат без транзитни приходи, пред сѐ Украина и Словачка.

Изградбата на втората линија на „Северен ток“ за Украина значи губење на годишните транзитни приходи од две милијарди долари, предупреди украинскиот премиер Арсениј Јацењук по средбата со словачкиот колега Роберт Фицо.

Јацењук вели дека изградбата на „Северен ток 2“ за Украина значи исклучување од транзитните текови на рускиот природен гас за Европската унија (ЕУ) и губење на две милијарди долари годишни транзитни приходи.

Тој потсетува дека изградбата на „Северен ток“ за Украина значеше загуба од 1,5 милијарди долари годишно.

„Тоа не донесе никаква нова енергетска независност на ЕУ. Што значи по кој патот стигнува гасот, ако имате еден ист снабдувач“, прашува Јецењук.

Оценува дека изградбата на новиот гасовод всушност не е добра ниту за Европејците бидејќи ќе создаде монополизација на снабдувачките насоки и поскапување за крајните корисници. Според него, во случај на реализација на проектот, ЕУ ќе загуби можност за директна достава на гас од Русија по најкуса рута, преку Украина.

И Роберт Фицо остро ја критикуваше идејата за изградба на новиот гасовод, со напомена дека „Северен ток 2“ би значел загуба за Словачка од 800 милиони долари годишно.

„Во Европа долго се говори од потребата за помош на Украина за да и натаму биде транзитна земја и да и биде полесно во тешките зимски месеци. Истовремено, соочени сме со фактот дека Гаспром со претставниците на европските држави потпиша договор за изградба на нова линија на „Северен ток“. Иако би сакал да се изразам пристојно, сепак ќе кажам дека од нас прават будали“, истакна Фицо.

На почетокот на септември беше потпишан договор за „Северен ток 2“, а за реализација на проектот е задолжена заедничката компанија New European Pipelin, во која Газпром ќе има удел од 51 отсто,  E.ON, Shell, OMV и BASF/Wintershall ќе имаат по десет отсто, а ENGIE девет отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП