5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Словенија ризикот од сиромаштија остана ист

Во Словенија ризикот од сиромаштија остана ист

slovenija1

Во Словенија стапката на изложеност на жителите на ризик од сиромаштија минатата година останала непроменета на 14,5 проценти.

Меѓутоа, животниот стандард на околу 290.000 граѓани е под границата на сиромаштијата, соопшти словенечкиот Завод за статистика.

Изложеноста на ризикот од сиромаштија лани била највисока во источна Словенија, со стапка од 19,9 проценти, а најмалата во централниот дел на Словенија, каде тој процент беше над 11 проценти, пренесува агенцијата СТА.

Пензионерите сочинуваат повеќе од една третина од луѓето кои живеат под границата за сиромаштија, следат невработените (24 проценти), малолетните деца (19 проценти) и оние кои имааат работа (18 проценти).

Во однос на претходната година, уделот на пензионерите меѓу сиромашните е најмногу намален, за 6,0 процентни поени, додека уделот на невработените скокна најмногу, на 7,0 поени.

Податоците, кои произлегуваат од истражувањето на словенечката статистика за приходите и условите за живот, исто така покажуваат дека границата за изложеност на ризик од сиромаштија по член на семејство лени изнесувала 7,146 евра на годишно ниво.

Прагот за четворочлено семејство, со две возрасни лица и две деца помали од 14 години изнесувал 1,251 евро месечно, пренесува СТА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП