17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстрит во несигурно тргување

Раст на Волстрит во несигурно тргување

wall street 330

Цените на акциите пораснаа во четвртокот на Волстрит при несигурно тргување со оглед дека инвеститорите не сакаат да ризикуваат во пресрет на седницата на лидерите на американски Фед во наредната недела.

Dow Jones зајакна за 76 поени, или 0,47 отсто, на 16.330 поени, додека S&P 500 порасна за 0,53 отсто, на 1.952 поени, а Nasdaq се зголеми за 0,84 отсто, на 4.796 поени.

Растот на индексите воглавно се должи на закрепнувањето на цените на акциите во биотехнолошкиот сектор, по падот во претходниот ден. Индексот на овој сектор вчера скокна за 1,9 отсто.

Закрепна, за 2,2 отсто, и акцијата на Apple, откако во претходниот ден падна за 1,9 отсто.

Со тоа продолжи нестабилното тргување на најголемата светска берза во која еден ден цените растат, а веќе во следниот паѓаат, што е последица на загриженоста на инвеститорите поради забавување на растот на кинеската економија, што би можело негативно да влијае врз целата глобална економија.

Покрај тоа, инвеститорите не сакаат да ризикуваат во пресрет на седницата на челниците на американската централна банка, на кој ќе се одлучува за каматните стапки.

Со оглед дека економијата стабилно расте, при што се подобрува состојбата на пазарот на труд, Фед би можел да ја зголеми цената на парите.

Од друга страна, инвеститорите шпекулираат дека поради потресите на финансиските пазари, предизвикани со неодамнешната девалвација на кинескиот јуан и на слабеење на тамошната економија, Фед би можел да го одложи зголемувањето на каматите до крајот на оваа или почетокот на наредната година.

Зголемувањето на каматите на Фед, би било прво зголемување од 2006 година и берзите би ја загубиле поддршката што ја добиваат со години.

На европските берзи, пак, цените на акциите вчера паднаа. Лондонски FTSE ослабна 1,18 отсто, на 6.155 поени, додека франкфуртски DAX се намали за 0,90 отсто, на 10.210 поени, а париски CAC падна за 1,46 отсто на 4.596 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП