30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗакрепнa пазарот за недвижнини во Шпанија

Закрепнa пазарот за недвижнини во Шпанија

shpanija-madrid

Пазарот за недвижнини во Шпанија конечно закрепнува, бидејќи цените на становите и куќите во вториот овогодишен квартал пораснале за четири проценти, што е најголем квартален скок на годишно ниво од 2009 година, соопшти шпанскиот Завод за статистика, Ине.

Поскапувањето на недвижнините во периодот од април до јуни оваа година претставува петти последовател квартал со раст, што е потврда дека шпанскиот пазар на недвижнини закрепнува од крахот во 2008 година.

Само во јули од тековната година, бројот на недвижнини во Шпанија на годишно ниво порасна за 13,9 проценти, со 32,714 извршени трансакции, пренесува весникот Фигаро.

Шпанската економија излезе од рецесијата на крајот на 2013 година, а Владата предвиде за оваа година раст на економијата од 3,3 проценти.

Се проценува дека во Шпанија има околу 530.000 непродадени нови станови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП