17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПогледнете ги мапите на земји чии закони ги потценуваат жените во работата...

Погледнете ги мапите на земји чии закони ги потценуваат жените во работата (фото)

rab zeni

Пред дваесет години 189 земји потпишаа декларација на Обединетите Нации дека ќе го поддржат „Напредокот на жените“ и дека ќе тежнеат кон изедначување на половите. Новиот извештај вели дека има голем напредок на ова поле, особено во работната средина.

Жените се соочуваат со ограничување кај легалните работи во 150 земји, според податоците на Светска банка. Оваа препрека за работа има последица не само на жените, туку и на нивните деца, општеството и државната економија.

Речиси 90% од земјите имаат барем еден закон кој го ограничува економското напредување на жената. Погледнете ја мапата на земјите кои особено се истакнуваат.

Кои работи може жената да ги работи?

Приближно 100 земји им забрануваат на жените да работат одредени работи, со цел да не се најдат во „несоодветен“ сектор:

rab zeni1

Во Русија, на пример, жените се заштитени од 456 работи, а една од нив е и работата како машиновозач. Во 18 земји, вклучувајќи ги Камерун и Јемен, мажите можат легално да им забранат на своите жени да работат.

Дали жените можат да работат навечер?

Некои земји наметнуваат забрана на работните часови, врз основа на полот. На жените им е забрането да работат навечер ист број на часови, како и мажите, а тоа го има во 29 земји:

rab zeni2

Дали работодавачот може да одбие да вработи жена?

Во повеќе од 10 земји немаат закони со кои се штитат жените при вработување. Со самото тоа постои врска за помеѓу забрана, дискриминација и вработување на жените.

rab zeni3

Дали жена може да биде отпуштена, поради тоа што е бремена?

Голем број на земји им забрануваат на работодавците да отпуштат жена, само затоа што е бремена, но во овие 26 земји тој закон не важи.

rab zeni4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП