17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се патриоти: Французите го сакаат домашното, дури и кога е поскапо

Ова се патриоти: Французите го сакаат домашното, дури и кога е поскапо

made-in-france

Седумдесет проценти од Французите се подготвени да платат од пет до десет проценти повисока цена за домашните производи, а таквата тенденција е уште поизразена меѓу пензионерите.

Тоа го покажува анкетата која ја спроведе агенцијата за истражување на јавното мислење Ifop.

Француските пензионери во дури 80 проценти од случаите изјавиле дека се подотвени да платат повеќе за да купат домашни производи.

Жителите на Франција особено искажале желба за купување на домашна конфекција и автомобили, пренесува АФП.

Анкетираните во одговорите објасниле дека повеќе сакаат домашна отколку увезена роба, не само од патриотски причини, туку и поради поголемата доверба во квалитетот на домашните производи.

Според истражувањето, 60 проценти од Французите изјавиле дека домашните производи им овозможуваат гаранција за квалитет, додека во 1999 година такво мислење имале само 39 проценти од француските граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП