11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрводарителна акција во Амбасадата на САД во Скопје

Крводарителна акција во Амбасадата на САД во Скопје

sad ambasada 33

Крводарителна акција, како и акција за собирање на прехранбени продукти и други средства, денеска ќе организира Амбасадата на САД, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиологија, по повод 11 Септември – Националниот ден на служба и сеќавање.

Заинтересираните лица кои сакаат да даруваат крв, ќе можат да го сторат тоа во Амбасадата на САД од 9:00 – 16:00 часот. Амбасадорот Џес Бејли ќе им се обрати на присутните во 14:00 часот, заедно со генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити и директорот на Институтот за трансфузиологија Емилија Велкова.

Целта на овој настан е да се обединат луѓето со една заедничка цел – да и служат на заедницата.

„Нашите напори ќе помогнат за дополнување на резервите на крв на Црвениот крст и за обезбедување на храна и други потребни залихи за загрозените семејства за претстојната зима. Оваа акција, исто така, ќе му помогне на Црвениот крст да ја прошири мрежата на дарители во Македонија за да во секое време има доволно резерви на крв за идните побарувања“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП