8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШведска компанија сака со авион да ги пренесува сириските бегалци во Европа

Шведска компанија сака со авион да ги пренесува сириските бегалци во Европа

air ref222

Наместо бегалците да ги минуваат немирните мориња, да прескокнуваат огради од бодликава жица и да бегаат пред непријателски расположените полицајци, шведска компанија сака во Европа да ги префрли на поедноставен, побезбеден и поевтин начин, со авион.

Непрофитната иницијатива којa што се нарекува „Refugee Air“ има намера бегалците да ги превезува директно во Шведска од соседните земји на Сирија,како Либан, Јордан и Турција, каде што во моментов престојуваат мнозинството од четирите милиони Сиријци кои ја напуштија својата од војната разурната татковина.

„Првиот лет ќе го направиме пред првиот снег оваа зима во Стокхолм“, соопшти компанијата.

Луѓето коишто бегаат од Сирија трошат илјадници долари за опасното патување до Европа , многу повеќе отколку што чинат авионските билети, но авиопревозниците не им дозволуваат на бегалците да се качуваат во авионите според европската директива од 2001 година за влегување на бегалците. Според оваа уредба, авионските компании се одговорни за сите трошоци, вклучително и трошокот за депортација, за патниците кои по своето доаѓање на дестинациите бараат азил, а тоа на крајот ќе им биде одбиено. Тоа значи дека дури и оние кои имаат изгледи да добијат азил, не можат во европските земји да патуваат со авион, бидејќи авиопревозниците не сакаат да ризикуваат.

Од „Refugee Air“ велат дека сакаат започнат со еден лет за да покаже дека системот функционира, и се надеваат дека тоа ќе ги охрабри и другите воздухопловни компании, изјави соосновачот Емад Занд, бизнисмен од Шведска.

„Тоа е налудничаво, не можеме да седиме со скрстени раце и да гледаме како луѓето умираат. Ќе им покажеме на сите дека постои и друг начин, истакнува Занд, кој за европската директива вели дека „ги турка луѓето во рацете на криумчарите, кои ја искористуваат нивната несреќа“.

Минатата 2014 година азил во Шведска побарале 81.000 луѓе, сразмерно повеќе во однос на бројот на жителите отколку во која и да е друга европска земја, при што мнозинството биле Сиријци.

Во „Refugee Air“ велат дека ќе соработуваат со невладините организации за да спроведат „детална анализа“ на патниците и да бидат сигурни дека оние коишто ќе се качат во авионите имаат големи шанси да до бијат азил во Шведска. Истакнуваат дека ќе го понесат трошокот за оние чиишто барања ќе бидат отфрлени.

Компанијата ќе ги наплаќа билетите за место во авионот, а цената ќе биде далеку пониска од онаа којашто бегалците им ја плаќаат на криумчарите за опасните и често смртоносни патувања преку морињата и по копното. Исто така, финансиски ќе им помогне на оние кои немаат доволно пари за билет.

„Сакаме да покажеме дека нашето решение функционира. Тоа е шлаканица в лице за сите кои велат дека тоа е невозможно“, вели Занд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП