4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавени нови огласи за финансиска поддршка за самовработување

Објавени нови огласи за финансиска поддршка за самовработување

самовработување

Владата на Република Македонија преку Агенцијата за вработување објави нови огласи со кои се дава финансиска поддршка за самовработување и за отворање на нови работни места.

Две од мерките од огласот се насочени кон отворање на бизниси и самовработување на лицата кои во моментот се невработени. Овие лица тоа може да го направат или со индивидуална апликација за добивање на кредитни средства или пак преку здружување на неколку лица и апликација за добивање на средства за отворање на бизнис.

Останатите две мерки се насочени кон микро и малите претпријатија, на кои Владата им обезбедува евтини кредитни и финансиски инструменти за отворање на до 3 нови работни места.

„Специјален осврт се дава и на самовработувањето на младите лица до 29-годишна возраст, но и на отворањето на нови работни места во микро и малите претпријатија каде би се вработиле млади лица до 29 годишна возраст. Мерките даваат резултати и затоа ваквите проекти ќе продолжат“, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП