18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВиз Ер Скопје трката на 5 км на 20 септември

Виз Ер Скопје трката на 5 км на 20 септември

vizer-trka

Организаторите на „Виз Ер Скопскиот маратон“, 10-ти мај оваа година не го паметат само како ден кога беше откажан маратонот, туку и како ден кога на сите верни љубители на трчањето и спортот им ветија трка во претстојната есен која доаѓа.

Со почетокот на првиот есенски месец, организаторите на маратонот официјално ја најавија претстојната ревијална 5 километри.

Во организација на Скопскиот маратон, Град Скопје и Сојуз на Спортови Скопје, трката ќе трае до 10:00 часот, а патеката на трчање е иста како за трката на 5км на Виз Ер Скопски Маратон 2015 (ул. Димитрие Чуповски, бул. Климент Охридски, бул. Илинден, ул. Франклин Рузвелт, ул. Теодосиј Гологанов).

Оваа ревијална Виз Ер Скопје 5км трка е дел од Европската недела на спортот која е поддржана и организирана од Европската Комисија. Македонија преку оваа трка е дел од спортските активности кои ќе се случуваат во Европа во периодот од 7-ми ми до 30-ти ти септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП