27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија го запре железничкиот сообраќај со Унгарија

Австрија го запре железничкиот сообраќај со Унгарија

begalci sirija 33

Австриската железница (OeBB) го запре привремено железничкиот сообраќај со Унгарија поради „масовното преоптоварување“ на својата мрежа по прифаќањето на приливот бегалци кои сакаат да стигнат до Германија.

Во соопштението објавено во раните попладневни часови, австриската железница поради истите причини ги повикува приватните лица и автобуски компании да престанат да довезуваат нови патници на станиците. Големиот прилив луѓе, со колони коишто чекаат на железничките станици, ги надминуваат расположливите железнички капацитети, прецизираат од OeBB.

Додека директните врски меѓу унгарската престолнина Будимпешта и австриската Виена беа продолжени во четвртокот утрото, а OeBB одлучи повеќе да не ги упатува возовите кон Унгарија, за да го намали бројот на патниците на враќање.

Приливот бегалци се зголеми на српско-унгарската граница во текот на викендов во Германија тргнаа повеќе илјади бегалци кои беа блокирани во Унгарија. Речиси сите мигранти минуваат меѓу Унгарија и Австрија се обидуваат да стигнат до Германија, која ги ублажи условите за прифаќање бегалци од Сирија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП