28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловачка смета дека надоградувањето на „Северен тек“ е европско „предавство“

Словачка смета дека надоградувањето на „Северен тек“ е европско „предавство“

pr slovacka

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека договорот меѓу рускиот енергетски гигант „Газпром“ и неговите европски партнери за проширувањето на гасоводот „Северен тек“, претставува „предавство“, кое комбинирано ќе ги чини Украина и Словачка милијарди евра.

Минатата недела „Газпром“ со европсктие партнер потпишаа акционерски договор за изградба на гасоводот „Северен тек 2“, кој ќе заобиколи Украина и ќе оди под Балтичкото Море до Европа, приближувајќи ја до енергетската орбита на Москва, нешто што беше критикувано од страна на американските претставници.

„Со месеци, во Европскиот совет се разговараше за потребата да и се помогне на Украина да остане транзитна земја за гас, да и се помогне за време на тешките зимски месеци. Одеднаш дојде објавата од страна на ‘Газпром’ за потпишувањето на договор со компаниите од западна Европа, околу изградбата на уште една гранка од ‘Северен тек’. Тие прават идиоти од нас“, изјави Фицо на заедничка прес конференција со украинскиот премиер Арсениј Јацењук.

„Тие предадоа и земја членка на ЕУ – Словачка, и одат против политичките дискусии со Украина во Европскиот совет“, рекол словачкиот премиер.

Словачка и овозможува резерви на гас на Украина за да и помогне на земјата да ја намали својата зависност од „Газпром“, нешто што од страна на Русија се смета за „нелегално“.

Полскиот претседател Анджеј Дуда исто така упати критики кон „Газпром“ и западните компании, тврдејќи дека со тоа „се игнорираат полските интереси“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП