ЕКОНОМИЈА

Третооделенци освоија награда на натпревар за воздушен сообраќај во Берлин

tretoodelenci

Третооделенците од ООУ „Лазо Трповски“ се “вивнаа во вселената“ на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај кој се одржа во Берлин, Германија.

Основците од ова училиште по трет пат се натпреваруваат и освојуваат награди. Проектот „Заедно летаме во вселената“, изготвен од учениците, а со помош на координаторите од училишниот тим составен од Дијана Петроска, Александра Гаџоска и Стефан Симовски, беа пласирани помеѓу 30 најдобри проекти.

Деветчленото стручно жири одлучи наградени да бидат основците од ООУ „Лазо Трповски“, а раководителот на натпреварот Тим Е. Бранд им се заблагодари на натпреварувачите за прекрасниот проект и силната желба за освојување награди.

Наградените ученици се здобија со заслужни дипломи, а летечкиот трофеј (автентичен модел на патничкиот авион Ербас А-380) ќе ја краси училницата на сега веќе четвртооделенците од истото училиште.

Натпреварот, кој е традиционален, беше организиран од Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија, во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузното министерство за образование и истражување на Германија, Луфтханза Техник и концернот ЕАДС.