18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Крушево започнува 13-тата Интернационална Младинска Конференција

Во Крушево започнува 13-тата Интернационална Младинска Конференција

sojuz mladi 333

Во петок во хотелот Монтана во Крушево започнува 13-тата Интернационалната Младинска Конференција „Европски вредности за иднината на земјите од Југоисточна Европа“, организирана од страна на Младински Сојуз – Крушево, под покровителство на германската Фондација Фридрих Еберт – Канцеларија во Скопје и со поддршка Пактот за стабилност за Југоисточна Европа.

На конференцијата ќе учествуваат 60 млади лидери од 16 земји и тоа: Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Франција, Грција, Германија, Италија, Косово, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словенија,  Турција и заедно си нашите еминентни говорници ќе ги продискутираат актуелните теми како: Употреба или злоупотреба на европските фондови, миграцијата како европско право, креативноста како клуч за вработување од соништата, кој ја гради реалноста – ние или медиумите, дали радикалните идеологии претставуваат закана за демократијата итн.

Младински сојуз со своите партнери ги охрабрува младите да бидат лидери и креатори на иднината, како во граѓанското општество, така и во младинската соработка. Ние, младите луѓе имаме потреба од доближување на европските вредности кон нашите општества и креирање на одржливи политики во нашите општества базирани на Европските вредности, соопштуваат од Младинскиот сојуз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП