18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците плаќаат рекордни сметки за кабловска телевизија

Американците плаќаат рекордни сметки за кабловска телевизија

daljinsko 333

Просечната сметка за кабловска телевизија во САД достигна рекордни 99.10 американски долари во оваа година, што е за 39% повеќе во споредба со 2010-та година, покажуваат податоците од истражувањето на „Leichtman Research Group“.

Сепак се намалува бројот на домаќинствата, претплатеници на кабловска телевизија, па тој е 83% во однос на 87% пред пет години.

Во меѓувреме стравувањата дека повеќе луѓе ќе се откажат од платените кабелски услуги силно ги намалија акциите на медиумските компании.

Акциите на „Viacom“ изгубиле 32% од својата вредност во последните три месеци, а оние на „Twenty-First Century Fox“ се поевтини за 18%, во позадината на падот во поширокиот индекс „S&P 500“ од 5%.

Според кабелските оператори повисоките цени на услугите се поради тоа да им се понудат најдобрите програмски содржини на потрошувачите. Просечниот број на канали се зголемил од 151 во 2010-та година до 189 во 2013-та година. Според многу од пазарните аналитичари трошоците на кабелските компании се намалиле значително и тоа покажува дека тие во голема мера ги игнорираат и погрешните проценки на феноменот на „откажување од кабелска телевизија“.

Околу половина од корисниците кои не се претплатени на кабловска телевизија, или 9% од домаќинствата се претплатени за најмалку една онлајн стриминг компанија, како „Netflix“ или „Amazon“. Услуги како оние понудени од „Verizon – Go90“, или основната услуга на „Hulu“, се ослободени од реклами.

Најголемиот предизвик пред кабелската индустрија е помладата генерација која и така не се претплатници на услуга на традиционалните кабелски оператори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП