26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖенското претприемништво – мотор за создавање работни места

Женското претприемништво – мотор за создавање работни места

zenskoto-pretpriemnishtvo

Во музејскиот амбиент на Даут пашин амам, во Старата скопска чаршија, во средата вечерта се одржа националниот промотивен настан „Женското претприемништво – мотор за создавање работни места” примери на добра пракса во Македонија“.

Станува збор за финалната фаза од проект за развој на женското претприемништво во регионот, организиран од Здружението на бизнис жени и Фондацијaта за менаџмент и претприемничко учење во соработка со Регионалниот центар за претприемничко учење на Југоисточна Европа (SEECEL) од Загреб. На настанот, покрај другото, беше промовиран филмот кој е дел од завршната фаза од проектот.

Собирот го отвори Валентина Дисоска, Претседателка на Здружението на бизнис жени и Габриела Костовска Богоеска, Извршен директор на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.

Почесен говор оддржаа и жените претприемачи кои се преставнички од Македонија во филмот и кои земаа активно учество во проектот, Анета Пешева, сопственичка на ULTRA/UNET Group, Маријана Перковска, сопственичка на ИСТ комерц и Љубица Џонич, сопственичка на Аграр Плус ДООЕЛ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП