3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалните цени на храната спуштени на минимум

Глобалните цени на храната спуштени на минимум

ceni-hrana

Глобалните цени на основните прехрамбени производи во август се намалија на најниското ниво во последните седум години.

Цените на речиси сите прехрамбени производи опфатени со ценовниот индекс (ФАО) минатиот месец опаднаа, а тука спаѓаат млекото, растителното масло, шеќерот и житарките, соопшти Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).

„Големите залихи, падот на цените на енергијата и загриженоста во поглед на забавувањето на кинеската економија придонесоа за најголемиот пад на ценовниот индекс на ФАО за последните седум години“, се наведува во соопштението на таа организација.

Наспроти тоа, цените на месото во август останале речиси непроменети во однос на јули, иако, целокупно гледано, тие и понатака се за 18 проценти под рекордното ниво регистрирано во август 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП