28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИстражување открива како да се однесувате ако сакате поголема плата

Истражување открива како да се однесувате ако сакате поголема плата

poveke-pari

Вработените кои на работното место се пријателски расположени кон колективот, заработуваат помалку од останатите колеги, покажаа неколку американски истражувања.

Тие, освен тоа, помалку се предложуваат за одговорни функции, се наведува во студијата која ја изработија три американски универзитети, врз основа на анализата спроведена во последните 20 години со анкетирање на повеќе од 10.000 вработени со различни професии и возраст.

Амбициозните мажи кои на работното место покажуваат доза на дрскост заработуваат во просек 18 проценти поголема плата или 9772 долари повеќе на годишно ниво од останатите љубезни колеги.

Погрубите жени заработуваат во просек пет проценти повисока плата од своите фини колешки, односно 1.828 долари повеќе на годишно ниво.

Во студијата се наведува дека кооперативните и љубезни соработници се сметаат за помалку погодни за раководечките позиции. Истражувањето, сепак, покажа, дека љубезните лица, полесно доаѓаат до работа од останатите, пренесува весникот Фигаро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП