17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАStandard & Poor's го намали рејтингот на Бразил

Standard & Poor’s го намали рејтингот на Бразил

rio mio 2002

Кредитната агенција „Standard & Poor’s“ го намали рејтингот на Бразил по последниот тежок удар кон политиката на претседателката Дилма Русеф за излегување на земјата од рецесија.

Намалувањето на рејтингот се случува порано од очекувањата на пазарните експерти. Од „S&P“ го намалија кредитниот рејтинг на Бразил до „BB-плус“, наспроти досегашниот „BBB-минус“, што беше најнизокиот инвестициски рејтинг на агенцијата.

Во исто време се задржуваат негативните очекувања што може да значи ново намалување на рејтингот во иднина.

Дејството доаѓа по намалувањето на рејтингот и од другата водечка агенција – американски „Moody`s“. Од таму го намалија рејтингот на Бразил во средината на август од „Baa2“ до „Baa3“. Според аналитичарите, ова беше поврзано со послабите од очекуваните економски индикатори.

Друга причина за намалување на рејтингот се трендовите кон зголемување на владините трошоци, а исто така и отсуството на политички договор за финансиските реформи, кои се императив во земјата. Бразилската економија е под притисок на поевтинувањето на националната валута и ниските цени на суровините на меѓународните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП