28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради штрајк прекинат железничкиот сообраќај

Поради штрајк прекинат железничкиот сообраќај

Image999999966666588

Само три возови кои ќе превезуваат мигранти ќе сообраќаат во четврток во Македонија, додека другиот патнички и товарен железнички сообраќај е во прекин, поради штрајкот на машиновозачите што почна во среда попладне, а кои бараат исплата на јулските плати.

Бојкотот е поради доцнењето на исплатата на платите, материјалните трошоци и здравственото осигурување за јули и за август, за што машиновозачите бараат средба со премиерот Никола Груевски.

Тие не се задоволни од досегашните разговори со раководството на МЖ Транспорт и со ресорното министерство.

Од Железничката станица во Скопје потврдуват дека не сообраќа ниту еден воз, додека според дел од синдикатите во МЖ Транспорт, пуштени се само три воза за транспорт на
мигранти.

„Нема да ги исполнуваме работните задачи се додека не се оствари средбата што ја бараме, и не се исплати во целост платата за јули. За платата за август бараме почитување на законските одредби за исплата најдоцна до 25 овој месец“, изјави претседателот на НСМПМ Душко Чакаровски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП