Цените на акциите на Волстрит падна во средата за над еден отсто во нестабилно тргување, по силниот раст во претходниот ден, а меѓу најголемите губитници беа акциите на енергетските компании и на Apple.
Dow Jones ослабна за 239 поени, или 1,45 отсто, на 16.253 поени, додека S&P 500 падна за 1,39 отсто, на 1.942 поени, а Nasdaq се намали за 1,15 отсто, на 4.756 поени.
На самиот почеток на вчерашното тргување индексите скокнаа и до еден отсто, па се чинеше дека продолжува нагорниот тренд, откако во вторникот порасна за над два отсто.
Но набргу дојде до пресврт на берзата, по што индексите ги загубија почетните добивки и влегоа длабоко во негативно подрачје.
Под најголем притисок вчера беа акциите на енергетскиот сектор бидејќи цената на нафтата, по силниот раст во претходниот ден, падна за 4 отсто. Индексот на енергетскиот сектор се намали за 1,9 отсто, при што акцијата на Chevron падна за 2,5 отсто.
Остро за 1,9 отсто, падна цената на акцијата на Apple бидејќи не импресионираше претставувањето на новите верзии на телевизори, ајфони и ајпед таблети на Apple. Очекувањата очигледно беа преголеми, велат аналитичарите.
Поради тоа под притисок се најдоа и снабдувачите на Apple, како Skyworks Solutions, Avago Technologies и STMicroelectronics.
Во претходниот ден силно пораснаа цените на акциите поради корекција по остриот пад во минатите недели. Но, не беше доволно силно за да продолжи нагорниот тренд втор ден по ред. И натаму се следи развојот на состојбата во кина, а инвеститорите се внимателни и поради седницата на Фед во наредната недела“, вели Баки Хелвиг, потпретседател во фондот BB&T Wealth Management.
Во фокусот на инвеститорите и натаму е Кина, која со девалвација на јуанот пред неколку недели ги разбранува светските финансиски пазари.
Во САД, пак, економската состојба се подобрува, поради што инвеститорите стравуваат дека американската централна банка во наредната недела би можела да ги зголеми клучните каматни стапки.
На европските берзи, пак, цената на акциите вчера пораснаа трет ден по ред. Лондонски FTSE индекс зајакна 1,35 отсто, на 6.229 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,31 отсто, на 10.303 поени, а париски CAC 1,44 отсто, на 4.664 поени.