18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏонсон Мети вклучена во листата „500 најуспешни компании од Централна Европа“

Џонсон Мети вклучена во листата „500 најуспешни компании од Централна Европа“

џонсон-мети

Единствена компанија од Македонија која годинава се најде на традиционалната листа „Топ 500 компании во Централна Европа“ за 2015 година, која ја објавува консултантската компанија Делоит е фабриката на британскиот инвеститор Џонсон Мети, сместена во индустриската зона Бунарџик во Скопје.

Џонсон Мети забележа рекорден скок од 159 позиции и сега се наоѓа на 214 место.

Листата е изработена според приходите кои компаниите ги оствариле претходната година, а податоците за Џонсон Мети во Македонија велат дека оваа фабрика забележала зголемување од 48,9 проценти на вкупните приходи од продажбата во споредба со претходната година, така што, тие изнесувале 927,5 милиони евра. Нето добивката изнесувала 56 милиони евра, што е раст од 88,5 проценти.

Првите три места на листата ги зафатија следните компаниии, чешката компанија Шкода Ауто, која се најде на третото место, унгарски Мол кој ја зазема втората позиција и како и минатата година на врвот повторно е полската компанија ПКН Орлен.

На четвртото и петтото место се најдоа, полската компанија Џеронимо Мартинс Полска, односно ПГНиГ исто така од Полска.

На претходните листи беше вклучена и скопската рафинерија Окта, која тогаш беше единствена македонската компанија која е вклучена и која минатата година го зазема 404-то место, но оваа година не беше вклучена во рангирањето.

Од нашиот регион во оваа листа се вклучени најмногу компании од Словенија, односно 20 компании, од Хрватска 12, од Бугарија 8 компании, а од Србија и БиХ – 6 компании, односно 4.

Со дури 170 компании Полска е апсолутен лидер на оваа листа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП