17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ќе ја зголеми јавната потрошувачка

Кина ќе ја зголеми јавната потрошувачка

kina-kineskata-ekonomija-china

Кина ќе ја зголеми јавната потрошувачка и даночните олеснувања за да го поддржи економскиот раст, соопшти кинеското Министерство за финансии во момент кога Пекинг се обидува да ја намали загриженоста на светските пазари во поглед на здравјето на втората економија во светот.

Кинеската влада, меѓу останатото, ќе ги забрза главните градежни проекти, ќе ги намали даноците за малите и средни претпријатија и ќе ги поддржи приватните капитални инвестиции во клучните сектори, се истакнува во соопштението на Министерството.

Овие најави пристигнуваат во момент кога ослабената кинеска економија, која претставува една третина од растот на светскиот економски раст, продолжува да ги тресе финансиските пазари, по дебаклот на кинеската берза.

Министерството не прецизираше за која сума станува збор во поглед на зголемувањето на расходите во јавниот сектот, но наведе дека на крајот на август централната влада веќе потрошила 96 проценти од својот годишен буџет наменет за инфраструктурни инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП