21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПривршуваат активностите околу чистењето на собирниот канал во прилепски Варош

Привршуваат активностите околу чистењето на собирниот канал во прилепски Варош

sobiren-kanal

Во завршна фаза се активностите околу чистењето на собирниот канал на потегот од населбата Варош до населбата Тризла во должина од 1,3 километри кој околу две до три децении не бил исчистен, истакна прилепскиот градоначалник Маријан Ристески при посетата на населбата Тризла.

Со реализацијата на овој проект ќе се исчисти собирниот канал при што ќе се зголеми неговиот капацитет за прием на атмосферските води од обилните врнежи.

Градоначалникот Ристески во својата изјава пред медиумите додаде дека како нареден проект кој ќе започне да се реализира во оваа населба е втората фаза од изградбата на канализационата мрежа.

Директорот на Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“, Сашко Николоски, истакна дека ова е партнерски проект на UNDP, Општина Прилеп и „Водовод и канализација“, а со негова реализација ќе се овозможи дождовните води кои паѓаат на Маркови кули да бидат собрани и одведени до Дабничка Река, со што ќе биде решен еден голем проблем при надоаѓањето на поголеми количини на вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП