12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа Џумајлија заинтересирани повеќе од 30 компании

За Џумајлија заинтересирани повеќе од 30 компании

dzumaljija 233

Интересот за земјиштето на „Џумајлија“ во светиниколско е голем, односно повеќе од 30 компании се пријавени на огласот за давање под концесија кој е во тек и ќе трае до 9-ти октомври годинава.

Како што појасни министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, по работната посета на Свети Николе, според огласот, земјиштето е поделено на четири целини и за секоја е утврдена висината на инвестицијата, колку идниот закупец ќе треба да вложи, за што и за колкав период.

„Во првата географска целина треба да се инвестираат најмалку четири милиони евра, додека во останатите три по два милиона евра“, рече Цветков.

Од вкупната површина на Џумајлија, 4.800 хектари, околу 200 до 300 хектари, се издвоени за ситните земјоделци.

Со оглед дека на Овчеполието му е неопходна вода, за десетина дена, најави министерот, ќе биде објавен и конурсот за избор на изведувач на браната „Речани“.

Земјиштето на „Џумајлија“, претходно му беше доделено на индискиот бизнисмен Субрата Рој, кој најави брз развој, но откако не ги испочитува роковите од договорот, тоа му беше одземено и е предмет на последниот оглас за давање под концесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП