5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМузичката индустрија да биде благодарна на пиратите

Музичката индустрија да биде благодарна на пиратите

muzika

Илегално симнување на музика е баш тоа – нелегално. Иако на прв поглед се чини дека со тоа се нанесува само штета, една нова студија покажува дека овој тип на симнување на музика на музичката индустријата и носи профит.

Резултатите од новата европска студија во која беа вклучени повеќе од шестнаесет илјади испитаници, кои јасно покажуваат дека пиратски музички нумери кои можат да се симнат бесплатно од интернет не придонесуваат за намалување на вкупниот профит на музичката индустрија.

Иако податоците варираат од земја до земја, во зависност од распоредот на законите кои ја регулираат музичката индустрија, конечните резултати покажуваат дека нелегално симнување песни и албуми нема негативно влијание врз легалното симнување на музика и „физичката“ продажба на албуми и синглови.

Истражувањето спроведено од страна на Луис Aгиар и Бертин Мартинс спонзорирано од „European Commission Joint Research Centre“ покажа дека, доколку не беше можно нелегално да се симнува музика од интернет, законската продажба ќе забележеше пад за два проценти.

Еден од заклучоците на студијата дава јасни докази дека нелегалното преземање во најголем дел е за производите за кои луѓето не се особено заинтересирани.

Интересно е  дека и со  бесплатниот „стриминг“ на музика, исто така има позитивно влијание врз музичката индустрија, затоа што значително ја стимулира продажбата преку интернет.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП