ЕКОНОМИЈА

Пуштен во употреба реконструираниот пат кон Рекански бачила

rekanski bacila 33

Реконструиран планински пат во должина од 10 километри кои од селото Жировница, општина Маврово – Ростуше, водат кон голем број на бачила и летни пасишта, денеска е пуштен во употреба.

Реконструираниот пат во употреба го пуштија директорот на ЈП „Пасишта“ на Македонија, Лулзим Фејзулаи и градоначалникот на општината Мукрем Мехмеди.

Директорот Фејзулаху изјави дека со средства на Јавното претпријатие оваа година се реконструирани 80 километри планиниски патишта кои во основа имаат и широчина од 4,5 метри.

Според него со реконструкцијата се очекува да се зголеми активноста на сточарите и  зголемување на бројот на овците.

Градоначалникот на општината Мукрем Мехмеди додаде дека сточарите од Река и Дебар преку  овој пат видно ќе го зголемат бројот на овците кои ги има во овој регион.