2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата под 49 долари

Цената на нафтата под 49 долари

nafta 39222

Цената на барел нафта на светските берзи падна под 49 долари за барел со оглед дека загриженоста поради прекумерното снабдување беше посилна од оптимизмот кој владее над берзите на акции.

На лондонската берза цената на барелот околу пладне падна за 60 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,92 долари. Вчера го заклучи тргувањето во плус за четири отсто. На американската берза со барелот денеска се тргува по 70 центи пониска цена, од 45,24 долари. Вчера исто така бележеше надолен тренд, поврзан со крајот на сезоната на возење кој најавува намалена потрошувачка на горивата.

Берзите на акции денеска повторно пораснаа, по вчерашниот скок, а вовед беше скокот на јапонските акции за осум отсто. Лондонската берза на нафта вчера го следеше таквиот тренд, но денеска повторно преовлада загриженоста поради прекумерното снабдување.

„Пазарот на нафта и натаму е прекумерно снабден“, вели Тамаш Варга од нафтената брокерска куќа PVM, додавајќи дека нафтата не поевтинила позначително поради силниот раст на берзите на акции. Ваквата поддршка според негова проценка ќе биде со кус век.

Покрај високото ниво на производство на глобално ниво, инвеститорите ги загрижува и забавувањето на побарувачката, особено поради слабеењето на кинескиот економски раст. Од Кина и денеска стигнаа сигнали за дополнителни фискални поттикнувања, па нервозата на пазарот почна да се намалува.

„Сведоци сме на каков-таков привремен мир, по силните осцилации во минатата недела“, толкува Ричард Малингсон од Energy Aspects.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП