6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСезоната ги зголеми очекувањата на Ryanair

Сезоната ги зголеми очекувањата на Ryanair

43867158655e6f541cf4f7789589924_w640

Ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Ryanair“ ја зголеми прогнозата за нето профитот за тековната деловна година за една четвртина.

„Ryanair“ очекува поголем профит благодарение на силната побарувачка на поскапите летови во летната сезона.

Компанијата прогнозираше дека профитот по оданочувањето ќе порасне на 1,17 до 1,22 милијарди евра во деловната година заклучно со март 2016 година. Во мај беше прогнозирано дека заработката ќе биде од 940 до 970 милиони евра, пренесува агенцијата Франс прес.

Компанијата од Даблин додава дека прогнозата е зголемена поради зголемената побарувачка на билети во текот на летото од онаа која првично била очекувана, како и зголемените цени на билетите во тој период.

„Ryanair“ ја зголеми и прогнозата за очекуваниот број на патници за еден процент, на 104 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП