4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИстражување: Во Чаир штедат на храна и лекови за да го згреат...

Истражување: Во Чаир штедат на храна и лекови за да го згреат домот

dete-ogince

Жителите на скопските населби Чаир, Гази Баба и Железара, неретко штедат на храна и лекови, за во зима да можат да го згреат домот, покажува повеќегодишен меѓународен истражувачки проект кој се однесува на енергетската сиромаштија во Македонија.

Во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ и Универзитетот во Манчестер, Велика Британија, во петок, ќе се одржи работилница на тема „Енергетската сиромаштија во Македонија и во Европа“. На работилницата ќе бидат презентирани најновите резултати од повеќегодишен меѓународен истражувачки проект финансиран од Европската Унија, а кој меѓу другото се однесува на енергетската сиромаштија во Македонија. Проектот го раководи проф д-р Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер, а учествуваат и Универзитетите во Прага и Гдањск, Универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје и Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта.

Во рамките на проектот спроведена е анкета за употребата на енергија во домот меѓу скопските домаќинства, со посебен акцент врз социјалните и еколошките прашања. Анкетата е направена вово март и во април 2015 со помош на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Анкетата претставува прво детално истражување од овој вид во Македонија и Европа, а слични анкети беа истовремено спроведени во неколку европски градови.

„Во Скопје, анкетата покажа дека приближно 60 отсто од анкетираните домаќинства во Чаир, Гази Баба, Железара и Скопје Север не можеле финансиски да си дозволат соодветно да го загреат домот. Истата бројка изнесува 30 отсто во Карпош 1, Буњаковец и Дебар Маало“, изјави професорот Бужаровски. „Кај дел од анкетираните домаќинства со примања под 18.000 денари, енергетските трошоци надминуваат половина од домашниот буџет.“

Истражувањето покажува дека кај половина од анкетираните домаќинства трошоците за струја, парно, огревно дрво и сл. надминуваат една петина од домашниот буџет. Кај 15 отсто од домаќинствата во Карпош 1, Буњаковец и Дебар Маало, и 18 отсто од домаќинствата во Чаир, Гази Баба, Железара и Скопје Север овие трошоци претставуваат повеќе од 30 отсто од домашниот буџет.

„Во Чаир, Гази Баба, Железара и Скопје Север 40 отсто од населението не може навремено да ги плати сметките за струја, вода или парно греење. Само една четвртина од домаќинствата кои живеат во овој дел на Скопје ги загреваат сите простории во домот, за разлика од две третини во Карпош 1, Буњаковец и Дебар Маало“, додава Бужаровски.

Интересно е да се забележи дека приближно 80 отсто од домаќинствата во Чаир, Гази Баба, Железара и Скопје Север конзумираат помалку храна и лекови со намера да заштедат финансиски средства со кои ќе го загреат домот. Оваа бројка надминува 55 отсто во Карпош 1, Буњаковец и Дебар Маало. Кога станува збор за штедењето на ресурсите, над 90 отсто од населението во Чаир, Гази Баба, Железара и Скопје Север ја намалуваат употребата на електрични уреди, бојлери и осветлување за да го загреат домот.

Над 80 отсто од анкетираните домаќинства сметаат дека владата треба да им помогне на домаќинствата кои не можат навремено да си ги платат сметките. Исто толкав процент од испитаниците веруваат дека енергетската сиромаштија е проблем во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП