10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСудот го прекина штрајкот на пилотите на Lufthansa

Судот го прекина штрајкот на пилотите на Lufthansa

lufthansa pilotii

Надлежниот суд во Франкфурт во средата го прекина штрајкот на пилотите на германскиот авиопревозник Lufthansa, јавија германските медиуми.

Судот го прифати барањето на Lufthansa која побара прекин на штрајкот, откако заклучи дека синдикатот Vereinigung Cockpit со штрајкот не бара поголеми плати или права, туку сака да постигне поголеми права во коодлучувањето за нискотарифниот концепт на Lufthansa, што е противзаконски.

Претходно пониска судска инстанца го прогласи штрајкот за законски.

Во текот на денот ќе биде донесена одлука и на судот во Келн за сличен спор во Germanwings, компанија ќерка на Lufthansa.

Синдикатот на пилотите најавува натамошни штрајкови во Lufthansa и покрај судската одлука.

Ова е 13-ти по ред штрајк на пилотите во последните една ипол година. Поради тоа во вторникот беа откажани околу 1.000 летови, а околу 140.000 патници мораа да ги менуваат плановите на патувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП