2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија со рекорден извоз на житарки

Русија со рекорден извоз на житарки

ZITO_201353113458

Русија во сезоната 2014/15 година на светските пазари испорача рекордни 22,3 милиони тони пченица, што во голема мера се должи на намалениот курс на рубљата, пишува рускиот економски весник Поглед.

Само во текот на минатата година вредноста на рубљата падна за 45 отсто, што го направи извозот на жито од Русија поконкурентен.

„Извозниците се чувствуваат многу удобно поради девалвацијата на рубљата. Тие може да ги варираат цените и да нудат попусти и онаму кадешто претходно немале можност за такво нешто“, вели пазарната аналитичарка Ана Бодрова.

Таа потсетува дека моментната цена на руското жито е најниско во последните пет години и изнесуваше приближно 179 долари за еден тон. За споредба, во 2014 година изнесуваше 27 долари, а во 2013 година 310 долари за тон.

Руската пченица е поевтина за околу 20 долари по тон од американската, што им овозможи на руските производители пробив на некои традиционално американски пазари, како што се Мексико, Нигерија и Египет, пишува Поглед.

Се додава дека освен на американските, руските извозници земаат дел од уделот и на француските производители кои сега се обидуваат да конкурираат со цена од 174,5 долари по тон. Сепак, се покажува дека на рака не им одат поголемите логистички трошоци, како што е случајот со Русите.

Покрај девалвацијата на рубљата, на руските извозници во прилог им е и добриот род во сезоната 2014/15, кој е за 10 до 12 отсто подобар во споредба со претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП