2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот и создава проблеми на Франција, дефицитот расте

Извозот и создава проблеми на Франција, дефицитот расте

francijapariz55431f

Трговскиот дефицит на Франција е зголемен во јули за околу 500 милиони евра, на 3,3 милијарди евра, соопшти Управата на француската царина.

Растот на јулскиот дефицит е поттикнат пред се со падот на извозот и тоа за 1,7 проценти на месечно ниво, пренесува АФП.

Особено беше значителен падот на извозот во аеронаутичкиот, железничкиот и автомобилскиот сектор во однос на месец јуни.

Најголем придонес на извозот повторно имаше Airbus со 2,05 милијарди евра и 24 продадени авиони, но тоа е значително помалку отколку во јуни кога беа извезени 30 авиони за 3,3 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП