2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкок на акциите на Волстрит за над два отсто

Скок на акциите на Волстрит за над два отсто

volstrit4874

Цените на акциите на Волстрит скокнаа во вторникот за над два отсто, надоместувајќи дел од минатонеделните загуби, што се должи на растот на кинеските берзи и надежите дека кинеските власти ќе воведат нови поттикнувачки економски мерки.

Dow Jones скокна за 390 поени, или 2,42 отсто, на 16.492 поени, додека S&P 500 порасна 2,51 отсто, на 1.969 поени, а Nasdaq се зголеми за 2,73 отсто, на 4.811 поени.

Од 10 сектори во составот на индексот S&P 500, девет забележаа раст за над два отсто, а само енергетскиот сектор имаше понизок раст.

„По остриот пад на цените во август, се појавија добри можности за купување, па инвеститорите ги искористија. Покрај тоа, се чини дека кинеските власти ќе воведат дополнителни поттикнувачки мерки, што би требало да ги стабилизира локалните берзи“, вели Лари Перуци, брокер во компанијата Cabrera Capital Markets.

Вчера беа објавени нови податоци кои укажуваат на слабеење на втората по големина светска економија. Кинескиот извоз во август се намали за 5,5 отсто во однос на истиот месец лани. Тоа е помалку во споредба со претходниот месец и во однос на очекувањата на аналитичарите, меѓутоа увозот потона за 13,8 отсто, значително над очекуваните 8,2 отсто, што покажува дека домашната побарувачка слабее.

Поради ова се очекуваат дополнителни поттикнувачки мерки на централната банка-натамошно намалување на клучните камати и стапките за издвојување на задолжителните резерви на банките.

Покрај тоа, се очекуваат и нови регулаторни мерки за стабилизација на кинеските берзи, откако од половината на јуни цените на акциите падна за над 40 отсто.

Благодарение на тоа, вчера по многу нестабилно тргување, цените на акциите во Шангај скокнаа за речиси три отсто.

И покрај силниот скок на индексот на Волстрит, на берзите не владее еуфорија, на што укажува потпросечниот обем на тргување.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна 1,18 отсто, на 6.146 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми за 1,61 отсто, на 10,271 поен, а париски CAC за 1,07 отсто, на 4.598 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП