19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција за женско претприемаштво како мотор за создавање работни места

Конференција за женско претприемаштво како мотор за создавање работни места

zeni preuiu

Конференција на тема „Женското претприемништво – мотор за создавање работни места – Примери на добра пракса во Р. Македонија”, денеска организира Здружението на бизнис жени во Македонија, во соработка со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и поддршка на Регионалниот центар за претприемничко учење на Југоисточна Европа (SEECEL) од Загреб.

Целта на конференцијата е да се презентираат резултатите од регионалниот проект „Женското претприемништво – мотор за создавање работни места во Југоисточна Европа”, кој беше реализиран во периодот 2012 – 2015.

Носители на проектот се SEECEL и Иницијативата за одржлив развој (Gender Task Force-GTF), под координација на Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council – RCC). Во проектот учествуваа претприемачи од земјите од Југоисточна Европа – Македонија, Србија, Албанија, Хрватска, Босна, Црна Гора, Косово, Турција и Молдавија.

Главни цели се промовирање на женското претрприемништво во Југоисточна Европа преку заеднички напори на јавниот и приватниот сектор, промовирање на добрите практики во женското претприемништво, во согласност со Европскиот закон за малите и средните претпријатија (SBA), како и градење и зајакнување на националните и регионалните мрежи и здруженија на жени претприемачи.

На конференцијата ќе биде прикажан и филм за успешните жени претприемачи од Македонија, снимен како дел од финалната фаза на проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП